НЕ СЕ МЕТЕОРИТИ – Мистериозни огнени топки снимени над јапонското небо (ВИДЕО)

Локалните жители снимиле сјајна светлина како го сече ноќното небо во јужните краишта на Јапонија.

Чудни објекти налик на огнени топки беа забележани во средата вечерта над префектурата Окинава во Јапонија, јавуваат локалните медиуми со очевидци кои сведочат споделувајќи видеа на социјалните мрежи.

Видео направено од репортер на NHK околу 20:30 часот по локално време ги прикажува објектите како пламнуваат низ небото близу градот Наха во најјужниот јапонски регион. Новинарот рече дека биле „изненадени“ од глетката, забележувајќи дека „прво помислив дека е огномет, но не слушнав никаков звук, а и се движеа праволиниски“.

Астрономската опсерваторија Ишигакиџима, лоцирана во градот Ишигаки на островскиот синџир Окинава, подоцна потврди дека забележала „лента светлина“ на небото северно од објектот во 20:33 часот во средата.

Бројни локални жители исто така ги снимале огнените топки и материјалот го прикачија на интернет. Весникот 琉球新報 (Рјуку Шимпо) објави видео-компилација од клиповите споделени од жителите. Ширум интернетот кружат шпекулации дека огнените топки се остатоци од метеор или ѕвезди што паѓаат.

Додека објектите сè уште чекаат да бидат идентификувани, опсерваторијата Ишигакиџима понуди објаснување што држи вода, велејќи дека се очекувало остатоци од кинеска ракета (што била лансирана во ноември) да навлезат во земјината атмосфера ноќта на 10 мај. Опсервацијата предвиде дека вселенскиот отпад „ќе помине директно над главниот остров во Окинава“, или северно од него, пренесува NHK.

„Може да се очекува дека огнените топки и метеоритите ќе ја погодат Земјата вертикално или косо, но остатоци од сателити и ракети орбитираат околу Земјата“, велат од опсерваторијата. „Значи, можно е [остатоците] да изгледаат вака бидејќи полека ќе се паѓаат, речиси паралелно со Земјата, и ќе изгорат во долг временски период“.

Во тек е и метеорскиот дожд Ета АСкварид – активен годинава помеѓу 15 април и 27 мај – иако пикот на настанот веќе помина минатата недела, кога се очекуваше околу пет метеори да бидат видливи на небото над Токио. Не е јасно дали дождот сè уште ќе биде забележлив од Окинава во сегашната фаза.