,,Не се сложуваме со Американците, ќе го направиме тоа!” – Нетанјаху му рече НЕ на Бајден, ќе оди до крај! (фото)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во Рафа како дел од копнена операција и дека тоа му го кажал на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот телефонски разговор.

– Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа –  изјави Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, пренесе „Тајмс оф Израел“.

– Не за потребата да се елиминира Хамас – за потребата да се влезе во Рафах. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без уништување на овие преостанати баталјони. Решени сме да го направиме тоа – рече Нетанјаху.

Тој посочи дека на американскиот претседател во нивниот вчерашен разговор јасно му кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.

Нетанјаху додаде дека двајцата лидери се договориле за механизам Американците да ги споделат своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивили, за што е загрижен и Израел. Тој нагласи дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.

– За тоа нема замена, не може да се заобиколи, не може да се каже „ќе уништиме 80 проценти од Хамас“, бидејќи тие 20 проценти ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот Газа и секако ќе постават нова закана за Израел и секако дека и тие ќе бидат победа на пошироката оска што ни се заканува – иранската оска – рече Нетанјаху.

Тој, исто така, призна дека Израел е вклучен во дипломатска борба заедно со воена борба, во која притисокот врз Израел расте.