“НЕ СИ ИГРАЈТЕ ДЕЦА!“ – Димитриј Медведев повторно се закани на Европа поради одлуката за испраќање на моќните авиони F-16 во Украина: “Еден од следните денови може да биде и последен…“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ја коментираше изјавата на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, која одлуката на Холандија и Данска за префрлање на борбени авиони F-16 во Украина ја нарече како – „убава вест“.

Поранешниот претседател на Русија ги повика Европејците да не „играат со авиони“, бидејќи еден од овие „добри денови“ може да биде последниот ден за Европа.

Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа“, порача министерката за надворешни работи на Германија, за одлуката да се доставуваат борбените авионит F-16 на Украина.

О, не си играјте со авионите во вашиот песок, деца. Еден од следните слични добри денови може да биде последниот ден на Европа“, одговори Димитриј Медведев во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на комитетот на Државната Дума (Собрание на Русија), Леонид Слуцки исто така реагираше и кажа дека борбените авиони F-16 што Данска и Холандија имаат намера да ги испратат во Украина ќе го продолжат конфликтот и ќе доведат до нови жртви.