“НЕ СУМ ВИНОВЕН“ – Синот на Џо Бајден се изјасни по обвинувањата за користење на оружје под дејство на дрога

Синот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден – Хантер Бајден, денес пред судот се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со огнено оружје што го купил во 2018 година, додека наводно користел недозволени супстанци.

Неговата адвокатка, Аби Ловел, вели дека Хантер Бајден ќе поднесе барање за отфрлање на случајот, оспорувајќи ја неговата уставност, пренесува CNN.

Хантер Бајден беше обвинет за поседување огнено оружје и покрај тоа што бил зависник од дрога, како и за давање лажни изјави кога купил пиштол.

Обвинителите тврдат дека Хантер Бајден лажел кога пополнил федерален формулар кога го купил пиштолот, не наведувајќи дека користел забранета супстанца.