НЕ ШТЕДЕЛА- Облеката на Ријана за Супер Боул чинела неверојатни 1,2 милиони долари (ФОТО)

Ријана за своето појавување на Супер Боул избра не толку гламурозен комбинезон и јакна, но нејзината облека и додатоци чинат неверојатни 1,2 милиони долари

Настапот на Ријана на Супер Боул е тема на светските медиуми откако самиот настан се одржа во неделата вечерта, а пејачката привлече внимание и со своето модно издание.

На стадионот „Стејт Фарм“ се појави во црвено издание со кое го истакна стомачето што расте и откри дека чека второ дете со раперот АСАП Роки.

Ријана носеше црвена јакна Alaia и комбинезон Loewe со нагласена површина над градите. Таа на ова издание додаде патики Masion Margiela x Salomon Cross, но и бројни парчиња накит.
На нејзиниот зглоб имаше часовник Jacob & Co кој чини 72.000 долари благодарение на ременот и дијамантската рамка која беше украсена со 360 парчиња скапоцени камења.

Најскапото парче што го носеше, сепак, беше прстенот Bayco со рубин од 19,47 карати и исечени тркалезни дијаманти поставени во платина и жолто злато од 18 карати. Претставник на брендот откри за Page Six Style дека вреди неверојатни милион долари.

Носела и комплет обетки чија вредност се проценува на 12.000 долари. Како и три винтиџ дијамантски брошеви вредни 135.000 долари.