СЗО: Сведочиме на најлошата природна катастрофа во последните 100 години

Светската здравствена организација покрена апел вреден 43 милиони долари за поддршка на одговорот на земјотресите во Туркије и Сирија

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге, говоејќи за земјотресите на југот на Туркије и во Сирија, рече дека сведочиме за најлошата природна катастрофа во последните 100 години.

СЗО покрена апел вреден 43 милиони долари за поддршка на одговорот на земјотресите во Туркије и во Сирија.

„Очекувам дека ова барем ќе се дуплира во наредните денови кога ќе добиеме подобра проценка на размерите на оваа криза и потребите“, рече Клуге.

Клуге рече дека парите ќе ги користи за „обезбедување пристап до најзагрозените и најтешко достапните граѓани, овозможување на трауматска нега и рехабилитација по траумите и обезбедување на основните лекови и комплети за итни случаи за да се пополнат итните дупки во здравствената заштита“.

Исто така ќе се користи за „пружање витална ментална и психосоцијална поддршка на погодените граѓани и обезбедување континуитет на рутински здравствени услуги, особено за жените, децата и повозрасните лица“.

Клуге додаде дека СЗО испорачала најголем број тимови на итна медицинска помош во европскиот регион во својата 75-годишна историја.

Тој наведе дека 12 тимови на итната медицинска помош досега стигнале во Туркије, а уште 10 се на пат.

„Сега е време меѓународната заедница да ја покаже истата великодушност која Туркије ја покажувала кон другите нации во текот на годините“, нагласи Клуге.

Како што рече, Туркије примила 4,2 милиони бегалци, што е најголема популација на бегалци на светот.

„Сведоци сме на најлошата природна катастрофа во европскиот регион на СЗО во векот. Опоравувањето и лекувањето ќе бара време и труд. Но, можам да ве уверам дека СЗО ќе остане непоколеблива, со народот на Туркије и Сирија, онолку долго колку што е потребно“, рече Клуге.

Батир Бердикличев, претставникот на СЗО во Туркије, рече дека „ сериозните оштетувања на водоводните и канализациските системи претставуваат загриженост и го зголемуваат ризикот од болести кои се пренесуваат преку вода“.

TRT Balkan