Не ја игнорирајте БОЛКАТА ВО ГРАБОТ! Доколку не се лекува навреме, може да доведе до СЕРИЗНИ КОМПЛИКАЦИИ!

Болката во ‘рбетот го отежнува секојдневниот живот

Болката како таква е знак и сигнал дека нешто не е во ред во нашето тело, без разлика колку е непријатна и тешка состојбата.

Болката во ‘рбетот е сигурно една од најнепријатните болки што сте ги доживеале во животот.

Покрај тоа што ве боли грбот и не можете да се движите, придружни се и болките – болки во ‘рбетот и стомакот, болки во ‘рбетот и нозете, болки во ‘рбетот и колкот, а тешко ви е да одите.

Компресивните фрактури на ‘рбетните пршлени се една од најчестите компликации на остеопорозата. Фрактурите се во форма на микропукнатини кои со текот на времето стануваат се поголеми и поизразени, создавајќи хронична болка која се засилува. Две третини од луѓето со фрактури на пршлените не ни знаат дека ги имаат. Болката на допир, намалената подвижност и почетокот на деформитетите се помешани со истегнување на мускулите или нормален дел од стареењето, а сето тоа ја отежнува дијагнозата.

Под влијание на тежината, безопасни падови, па дури и минимални движења како кивање и смеење, се појавуваат микропукнатини на ‘рбетните пршлени. Со текот на времето, има се повеќе и повеќе од овие пукнатини. Тогаш пршленот не може да ја издржи тежината на ‘рбетниот столб што ја носи, па се крши, поточно, се дроби од врвот до дното. Тогаш може да дојде до ненадејна силна болка која со тек на време преминува во хронична.

На овој начин оштетените пршлени на крајот предизвикуваат деформација на ‘рбетот под сопствената тежина. На крајот ова води до деформитет популарно познат како „згрбавена вдовица“. Сепак, дури и кога некое лице нема болка или други симптоми, губењето на висината од неколку сантиметри годишно може да биде сигурен знак дека се случиле фрактури на компресија.

Важно е да се напомене дека ако не се лекува на време, компресивните фрактури на пршлените може да напредуваат, предизвикувајќи проблеми со дишењето, па дури и невролошки симптоми како што се пецкање, вкочанетост, нарушена моторна и сензорна функција.

Најдобар начин да се намали можноста за фрактури на пршлените е зајакнување на коските и подобрување на минералната густина на коските. Калциумот што го добиваме од храната им дава цврстина на коските и ги прави отпорни на фрактури, но тоа е невозможно доколку нема доволно витамин Д3. Дополнително, за да може калциумот да се насочи и да се вгради во коската, потребен е витамин К2. Во отсуство на витамин К2, калциумот не се инкорпорира во коските, туку се депонира во меките ткива како што е зглобната ‘рскавица. Последиците од тоа се двојни: коските стануваат порозни и полесно се кршат, а зглобовите стануваат болни и склони кон расипување.

Бројни клинички испитувања потврдија дека витаминот К2 придонесува за намалување на губењето на коскената маса! Акумулираните докази од седум јапонски* испитувања покажуваат дека суплементацијата на витамин К2 помага да се намалат фрактурите на пршлените за дури 60 проценти.