Нивните хитови и танцови потези ги памети цел свет: Вака денес изгледаат пејачките на Las Ketchup

Песната „The Ketchup Song“ беше светски хит на почетокот на 21 век, а танцовите потези кои во спотот ги изведоа пејачите на бендот Las Ketchup се уште се паметат.

Девојките од групата Las Ketchup се прославија со овој хит кој се продаде во повеќе од седум милиони примероци ширум светот. Оваа шпанска поп група се состои од три члена – сестрите Лусија, Лола и Пилар Муњоз, а идејата за основање на групата е на продуцентот на фламенко Мануел Кеко Руиз.

Оваа песна на многумина им е попозната како „Асереје“, а зборува за маж Диего, кој танцува румба и пее, а многу жени се шармирани од неговиот изглед.

Она што е интересно е што девојките настапуваат и 21 година по овој хит, иако другите нивни песни никогаш не го постигнале успехот на „The Ketchup Song“.

Сестрите Лусија, Лола и Пилар редовно на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од нивните настапи, на кои може да се види дека шарените тоалети ги замениле со потемни модни комбинации, а често споделуваат и некои постари фотографии со кои се сеќаваат како изгледале на почетокот. од нивните кариери..