Ново откритие! 12 дена пред киднапирањето и убиството на Вања, Палевски направил изненадувачки потег, сакал цела држава да ја крене на нозе
Љупчо Палевски Палчо, осомничен за двојно убиство (ја уби малата Вања Ѓ. од Скопје и фризерот Панче Ж. од Велес) направи шокантен политички потег неколку дена пред монструозните злосторства.
Според Фокус, една недела пред убиството на фризерот Панче Жежовски (74) од Велес и 12 дена пред киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14), Палевски како граѓанин поднел предлог за референдум до Собранието.
Таа точка е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22 декември и се предлага одржување референдум на државно ниво за целата територија на Северна Македонија со референдумско прашање:
– Дали сте за договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017 година?
Сепак, треба да се соберат 150.000 потписи за да се распише референдум.
Палевски е лидер на партијата Десна. Дел од т.н. новинарско подземје се основачи на споменатата партија, а дел од нив биле и извесен временски период на топол оброк три пати на ден.
Во вечерашната емисија ( за мембери ) Во Центар е истражувано како Палевски е пуштен да влезе во Бугарија, иако изминатите две години води анти-бугарска кампања која требаше да предизвика неприфаќање на францускиот предлог со кој се анулира бугарското вето. А исто така како одлучува да заврши во Турција, кога половина година собира потписи против процесот на т.н. фанаризација на Вселенската Патријаршија на македонската црква. Ако ВП е под контрола на турската држава тогаш како турската држава му дозволува на Палевски да влезе како “Мехмед Паша” на турска територија на граничниот премин Капитан Андреево.
Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк:
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека Палевски при неговото бегство имал контакт со членови на неговата партија Десна и дека нивната улога сè уште се истражува.
Министерството за надворешни работи на Турција, да потсетиме, денеска соопшти дека на Палевски му е одреден екстрадиционен притвор од 40 дена.