Нигер повторно ги отвори границите со неколку свои соседи, една недела по државниот удар во земјата.
„Копнените и воздушните граници со Алжир, Буркина Фасо, Мали, Либија и Чад се повторно отворени од 1 август 2023 година“, изјави портпаролот на хунтата, полковник Амаду Абдрамане, во телевизиско обраќање, јавија денеска светските агенции.
Хунтата ги затвори границите минатата среда во исто време кога објави дека го собори од власт демократски избраниот претседател Мохамед Базум