НИЗ МРЕЖИТЕ КРУЖИ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД МАСАКАР ВО БАНКА! Напаѓачот застрелал полицаец во ГЛАВА – паднал како покосен! (ВИДЕО)

Вооружениот напаѓач уби пет лица во банка во Луисвил, а кога пристигнала полицијата пукал и во главата на полицаецот.

Полицијата објави вознемирувачка снимка на која се прикажани хаотичните моменти откако полицајците пристигнале на местото на масовното пукање во банка во центарот на Луисвил. На видеото се гледа и дека полицајците не можеле да го видат напаѓачот од улица додека пукал во нив. За потсетување, во пукотницата во банката загинаа пет лица, а осум се повредени.

Еден полицаец бил застрелан во главата неколку минути по пристигнувањето на местото на настанот, додека неговиот партнер исто така бил застрелан во рамото. Заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри на прес-конференција зборуваше за клучните детали од видеото и ги пофали храбрите полицајци, пишува Асошиетед прес.  Полицијата добила дојава за пукање во 8 часот и 38 минути, а на местото на настанот пристигнале двајца полициски службеници три минути подоцна. Не излегле ниту од патролното возило, а напаѓачот веќе почнал да пука во нив. „Назад, назад, назад“, извикува еден од полицајците, додека во позадина се слушаат пукотници.

Поради одразот не можеле да го видат напаѓачот

На видеото од надзорната камера се гледа како 25-годишниот напаѓач во фармерки, сина кошула и патики држи пушка. Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач поставил заседа за да ги нападне полицајците веднаш штом тие пристигнале.

Хемфри објаснил дека поради одразот, полицајците не можеле да го видат напаѓачот низ стаклената влезна врата, додека тој јасно ги гледал. На видеото се гледа како полицаецот Кори Галовеј вади пушка од багажникот на своето патролно возило и им наредува на колегите да го покријат.

Галовеј потоа почнал да се приближува до банката со колегата Николас Вилт, кој дипломирал на полициската академија само 10 дена претходно. Во моментот кога полицајците се движеле кон влезната врата, напаѓачот испукал серија куршуми. Вилт бил застрелан во главата, а еден куршум го погодил Галовеј во рамото.

Полицаецот и понатаму е во критична состојба

На камерата, Галовеј се гледа како паѓа, а потоа се заби зад бетонска жардињера на дното од скалите што водат до зградата. Тој чекал да дојдат другите полицајци, по што одекнале нова серија куршуми и било скршено стаклото. Галовеј го застрелал напаѓачот во 8:44 часот, три минути по пристигнувањето.

“Мислам дека го средив! Мислам дека падна! Осомничениот падна! Донесете офицер!” се слуша како вели на снимката. Потоа влегол во зградата и му пришол на осомничениот кој лежел на земја покрај пушката. Полицаецот Вилт итно бил префрлен во болница и понатаму е во критична состојба.