Првата жртва на птичји грип во светот, Кина (повторно) ја криела смртта еден месец!?

Таа е само трета личност на која официјално и е дијагностициран H3N8, кој е еден од најчестите видови кај птиците, но слабо прилагоден да зарази луѓе.

Жена од Кина стана првата личност која почина од сојот на птичји грип H3N8 .

На жена (56) од провинцијата Гуангдонг и се слошило на 22 февруари, а на 3 март била примена во болница со тешка пневмонија. Таа почина 13 дена подоцна, на 16 март.

Таа е само третата личност на која официјално и е дијагностициран H3N8, кој е еден од најчестите видови кај птиците, но слабо прилагоден да зарази луѓе.

Две момчиња беа погодени од истиот вирус во април и мај минатата година во Кина во неповрзани случаи – но и двете преживеаја.

Светската здравствена организација не беше известена за случајот дури на 27 март, еден месец откако кинеските здравствени власти знаеја за инфекцијата.

Познато е дека H3N8 циркулира од 2002 година, откако првпат се појави кај северноамериканските водни птици. Познато е дека ги инфицира коњите, кучињата и фоките.

Да потсетиме, Кина претходно беше критикувана дека не соопштува информации за ширењето на корона вирусот во земјата, што набрзо доведе до пандемија.

Смртта доаѓа додека производителите на вакцини велат дека се „подготвени“ за пандемија на човечки птичји грип поради стравувањата од прелевање на зоонозата.

„Пациентката од Кина имала неколку придружни состојби и историја на изложеност на птици пред да се разболи, а дивите птици биле присутни околу нејзиниот дом“, се вели во соопштението на здравствената агенција на ОН во вторникот, пренесува Дејли мејл .

Се верува дека таа се заразила со болеста на пазарот каде што поминала време пред да се разболи, откако примероците од пазарот биле позитивни на вирусот А(Х3).

Засега ниту еден од нејзините блиски контакти не покажал симптоми на инфекција.

Од двата случаи минатата година, едниот добил критична болест, додека другиот имал полесна болест. Двата случаи најверојатно се заразени преку директна или индиректна изложеност на заразена живина, соопшти СЗО.