Никогаш нема да погодите која е пејачката на сликава! Склона е кон трансформации, но сега се надмина себе си! (фото)
Едита Арадиновиќ е позната како личност која сака трансформации и често го менува својот стајлинг. Од долга коса и ненадејно шишање, до фарбање и менување фризури, како и боја на веѓите – на сцената има некој кој се смета за најиновативен.

Неодамна беше мета на осуда поради прекумерните естетски корекции кои целосно и’ го сменија лицето според мислењето на фановите, но не се грижи за туѓите коментари и прави сè по сопствена желба.
Истото го направи и кога сними нова песна и спот и речиси е непрепознатлива.
Пејачката се појави со кратка коса и веѓи, сини леќи и комбинезон припиен до кожата.

Поради споменатиот комбинезон до израз дојде нејзината фигура на која напорно работи, но целокупниот впечаток, судејќи по првите коментари, е шокантен.