Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Лупчо Николовски синоќа апелираше до земјоделците што поскоро да преземат мерки за заштита на посевите, особено оранжериите.
„Според прогнозата, УХМР соопштува дека во попладневните часови на 5 август, сабота се очекува можност за нестабилно време со пороен дожд и грмежи, во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/ м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за град. Апел до земјоделците што поскоро да преземат мерки за заштита на посевите, особено за оранжериите, пишува во Фесјсбук министерот за земјоделство Николовски.