Николоски: Нема да има уставни промени под бугарскиот диктат

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Тема на денот“ на телевизија Сител повика на убедлива победа на претстојните избори во Македонија. Тој ја изрази потребата од нова влада која ќе ја реформира државата и ќе се бори против корупцијата.

„За да биде власта ваква, СДСМ и ДУИ мора да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и тие мора да ни дадат поддршка. Апартхејдот им се случува на Македонците од политичка партија која има 12 пратеници и контролира се со 10 отсто пратеници. Но, за да го промениме ова, мора да се обединиме. Колку е поголемо учеството, толку подобро оди за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Во однос на надворешната политика, Николоски истакна дека Бугарија треба да ги преземе неопходните чекори за соработка со Македонија, нагласувајќи дека Македонија не треба да биде уценувана. Тој ја претстави и програмата на неговата партија, фокусирана на борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и отворањето можности за домашни и странски инвестиции во земјата.