„Никој не знае колку време му преостанува“ Здравствената остојбата на Брус Вилис се влоши: Еден член од семејството е секогаш покрај него

Актерот Брус Вилис долго време боледува од фронтотемпорална деменција , а неговото семејство е постојано со него. Сепак, неговата состојба со текот на времето се влошува, а сега извори блиски до Вилис истакнуваат дека тој се влошувал во последните два месеци.

– Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци има многу повеќе лоши отколку добри денови – тврди извор за „Us Weekly“, објаснувајќи како тоа влијаело на семејството.

  • Ова искуство уште повеќе го зближи целото семејство. Никој не знае колку време му преостанува на Брус, па го впиваат секој момент што го имаат со него.

Друг извор потврди дека Вилис има деноноќна нега и дека барем еден член од семејството е секогаш со него. Сепак, ова тешко искуство ги погодува сите нив. Сопругата на актерот Хеминг Вилис неодамна призна дека се чувствува виновна додека се грижи за својот сопруг.

– Се борам со чувството на вина, знаејќи дека имам ресурси кои другите ги немаат – изјави таа за Сандеј Пајпер.

– Кога сум во можност одам на пешачење за да си ја расчистам главата… Кога она што го кажувам за патувањето на нашето семејство ќе го привлече вниманието на медиумите, знам дека има многу илјадници нераскажани, нечуени приказни, од кои секоја заслужува сочувство и грижа – истакна Хеминг и додаде дека се надева дека ќе продолжи да биде поддршка за оние кои исто така минуваат низ нејзиното искуство.

– Гледам дека она што го споделувам им е важно на другите кои можеби се мачат и на мал начин прави да се чувствуваат видено и разбрано.

Да потсетиме дека точната дијагноза на прославениот актер беше откриена на почетокот на оваа година.