,,Ни срам ни перде!” Додека цел Балкан ги оплакува жртвите од масакрот, Чолиќ пее и се весели!

Цел Балкан е во жалост, поради двата страшни масакри во кои загинаа 17 невини млади луѓе. По тој повод целата балканска естрада ги откажа настапите низ регионот и светот, но тоа не беше случај со Здравко Чолиќ.

Имено, пејачот во Норвешка одлучил својот концерт да го одржи во градот Осло и покрај страшните настани кои го зафатија целиот Балкан.

Пејачот без проблем имаше настап пред полн клуб, а откако се дозна дека не го откажал закажаниот настан и го одржал, тој е ,,бомбардиран” со негативни коментари на социјалните мрежи и жестоко ја осудува неговата скандалозна одлука.

Инаку, пејачот сè уште официјално се нема изјаснето за овој крајно скандалозен потег.

Да разјасниме, масакрот во училиштето во Врачар длабоко ја потресе Србија, но и целиот регион, а веќе следниот ден се случи нов во Младеновац. Поради ова, речиси сите пејачи ги откажаа настапите, па дури и оние надвор од границите на Србија. Сите, освен Чолиќ!