Новак го даде едно од најчудните интервјуа досега! Едно прашање го извади од такт: Што сакаш да кажеш?

Најдобриот светски тенисер ја оствари втората победа на завршниот Мастерс, но не може да биде целосно задоволен
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ оствари две победи во групната фаза на завршниот Мастерс во Торино, но пласманот во полуфиналето на последниот турнир во сезоната повеќе не е во негови раце.

Загубениот втор сет на Хуберт Хуркач го доведе Нолет во позиција во која сега зависи од исходот на дуелот меѓу Јаник Синер и Холгер Руне, што предизвика видлива доза на незадоволство кај српскиот ас.

Сепак, новинарот кој го водеше интервјуто по дуелот успеа да предизвика реакција на Новак каква што сигурно досега не сме виделе, што резултираше со пократки одговори на поставените прашања.

По дел од разговорот кој се водел на италијански јазик, новинарот го прашал Новак зошто бил нервозен во вториот сет. Со гримаса на лицето која зборуваше сама по себе, Ѓоковиќ одговори со нескриено чудење:

Што мислиш? Изгубив сет, тоа е нормално.

Кога побараа да го претстави својот став за натпреварот, Новак бил уште пократок.

  • Добра победа – изјавил Новак Ѓоковиќ.