Авионот што полетал од Њујорк за Белгија морал да се сврти сред Атлантикот, причината е – коњот

„Немаме проблем со авионот. Но, имаме проблеми со коњот’, се слуша на снимката од разговорот меѓу пилотот и контролата на летот

Товарниот авион што требаше да полета за Белгија од Њујорк во четвртокот, беше принуден да се врати на аеродромот ЏФК откако коњот што го превезуваше се ослободи од заградениот простор, пишува ABC News . Како што може да се слушне на снимката од разговорот меѓу екипажот на авионот и контролата на летот, коњот се ослободил околу 30 минути по полетувањето.

Боингот 747 бил на надморска височина од околу 9.000 метри кога пилотот ја известил контролата на летање дека коњот избегал од неговата ограда и дека мора да се вратат на аеродромот. На снимката се слуша како пилотот вели: „Ние сме товарен авион и превезуваме живи животни. Во авионот има еден коњ. Но, тој се ослободил и избегал од својата ограда. Немаме проблеми на летот, но мораме да се вратиме назад бидејќи не можеме вака да го спасиме коњот’.

Авионот морал да го преврти Бостон и да исфрли околу 20 тони гориво во Атлантскиот Океан, на околу 15 километри западно од островот Мартас Вињард, за да слета. Пилотот побарал ветеринар да ги пречека на аеродромот при слетувањето. Кога слетале, побарале поголема помош.

„Ние сме на земја и немаме проблеми со авионот. Но, имаме проблеми со коњот“, повтори пилотот. Се уште не е јасно како коњот успеал да се ослободи за време на летот. По кратко одложување, авионот конечно повторно полета и пристигна на аеродромот во Лиеж во Белгија во петокот наутро.