Џенифер Лопез во нова акциона семејна драма

Објавен е трејлерот за новиот филм на Нетфликс – „Мајката“ (The Mother) со Џенифер Лопез во главната улога. Во филмот таа глуми платен убиец кој треба да ја заштити својата ќерка, што била принудена да ја остави подалеку од себе поради својата опасна работа.

– Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. Би умрела штитејќи ја неа!, изјави Лопез во трејлерот објавен на официјалниот Јутјуб-канал на Нетфликс.

Филмот излегува на 12 мај, а режисер на филмот е Ники Каро. Таа вели дека „Мајката“ е „ретка комбинација на акција и искрени емоции“. Вели дека сакала да сними филм што во средиштето на акциониот спектакл ќе го стави ликот на мајката подготвена на сѐ за да го заштити своето дете. Режисерката од самиот почеток сакала Лопез да го глуми главниот лик.

– Мајките често се споредни, спроти други, „поинтересни“ ликови во филмовите. Овојпат мајката е во преден план. Да се ​​има Џенифер Лопез во главната улога, на врвот на нејзината моќ, е подарок за мајките и гледачите насекаде, изјави Ники.

Во акционата драма глумат и Џозеф Фајнс, Луси Паез, Омари Хардвик, Пол Раси и Гаел Гарсија Бернал.