НОВАК ЃОКОВИЌ ГО ЈАДЕ ОВОЈ ЗЕЛЕНЧУК ПРЕД СЕКОЕ ФИНАЛЕ: Од него влече “ЖИВОТИНСКА СИЛА” ама го прави и ова

Новак постојано тврдеше дека храната е главниот извор на неговата сила, а на јавноста и е одамна познато дека го исфрлил глутенот од исхраната, како и млечните производи, шеќерот и црвеното месо.

Познато е дека Новак Ѓоковиќ вложува многу труд во исхраната, а тој и неговата сопруга често ја интригираат јавноста со неконвенционални изјави за храната.

Новак постојано тврдеше дека храната е главниот извор на неговата сила, а на јавноста и е одамна познато дека го исфрлил глутенот од исхраната, како и млечните производи, шеќерот и црвеното месо.

Според сопственото признание, тој неодамна го користи процесот на автофагија, кој се карактеризира со тоа што не јаде 16 часа, а потоа во период од осум часа може да консумира храна. Докажано е дека нејадењето неколку часа го стимулира подмладувањето на клетките – автофагијата им овозможува на клетките на телото да се чистат и регенерираат. Овој 16-часовен пост е заснован на овие научни сознанија, а сосема е лесно да се направи составен дел од секојдневниот живот.

Подмладувачките ефекти на наизменичното постење беа во центарот на вниманието со доделувањето на Нобеловата награда за медицина за 2016 година на јапонскиот биолог Јошинори Охсум за истражување на процесот на клеточна автофагија.

Сигурно веќе сте слушнале за примери на луѓе кои се „преполовиле“ благодарение на автофагијата или на некоја нејзина варијација, како на пример фастинг диета?

Автофагијата навистина може да послужи како одличен метод за губење на вишокот килограми, но нејзината предност е првенствено чистење на телото, поточно – чистење на оштетените клетки, што овозможува нови, поздрави клетки да се обноват и создаваат низ телото.

Интересно е што преводот на името на овој начин на исхрана (авто – себе и фагија – јадење) е јадење себеси, односно значи дека здравите клетки во телото „јадат“ отпад што се насобрал во него и неговата околина.

Бидејќи многу луѓе не се запознаени со овој метод, често доаѓа до забуна, а многумина мислат дека Новак не јаде ништо. Еве што вели тој за автофагијата и колку исхраната игра улога во нејзиниот успех:

– Гладување – тоа значи дека не јадеш ништо. Ова не е вистина! Јадеш, но во одреден временски период и кога не јадеш, повторно конзумираш течност, односно работи кои не го оптоваруваат дигестивниот систем, вели тој и објаснува како се храни пред натпреварот:

– Обично не јадам многу пред натпревар. Гледам кога е мојот натпревар, бидејќи финалето на Вимблдон беше во два часот по локално време, гледав да сум главно на течности и малку лесна храна. На пример, јадам сладок компир, тоа е варен зеленчук, без зачини, без масло, без ништо, само за да ми даде сила и енергија. Пред тоа јадам овошје или овесна каша, но сето тоа онолку колку што чувствувам дека ми треба и секако многу течност, изјави Новак.