НОВАК ЃОКОВИЌ ДОЖИВЕАЛ НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД – Србинот веднаш се огласи на социјалните мрежи: “Извинете, но тоа е тоа…“
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, се нашол во многу непријатна ситуација пред Мастерсот во Париз. Тој во петокот требаше да пристигне во француската престолнина за да гостува во една емисија, но тоа нема да се случи.
Новак Ѓоковиќ реши да се огласи на социјалните мрежи и да објасни зошто тоа се случило и да им се извини на Французите.
Имено, Новак Ѓоковиќ бил „заглавен“ на белградскиот аеродром и во видео порака го кажа следново:
„Добра вечер на сите. Сакав да направам кратко видео и да се извинам што не бев со вас вечерва. Малку ми е срам и затоа што останав во Белград, на аеродром, поради проблеми со авиосообраќајот, поради што доцнам. Тоа е тоа. Жал ми е и се надевам дека ќе се видиме следната недела. Благодарам“, порачал Новак Ѓоковиќ во видео пораката.