НОВАК ЃОКОВИЌ НА ПЛАЖА СО РУСКА “БОМБА”: Која е заносната убавица со која Србинот толку блиско се дружеше? (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави интересна фотографија

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се опушташе на плажата во Дубаи пред мечот со Данило Медведев.

Српскиот ас деновиве додека се шеташе на плажа беше опкружен со обожаватели, а потоа го запре една руска убавица.

Оваа госпоѓа живее во Дубаи, а можела слободно да побара фотографија од Новак, што тој со задоволство го направил.

Тие се фотографираа и на плажата пред хотелот Џумера, а Русинката се пофали на Инстаграм со фотографија која предизвика голем број на реакции кај нејзините фанови кои беа воодушевени.

Како што рекла, побарала од Новак да се фотографираат како да се пријатели, на што Новак се согласил.

Да потсетиме, српскиот ас во Дубаи вчера изгуби во полуфиналето на АТП од Данил Медведев.