НОВАК ЃОКОВИЌ НА ЧЕКОР ДО УШТЕ ЕДНО НЕРЕАЛНО ОСТВАРУВАЊЕ – Србинот продолжува да испишува историја и може да постигне успех за паметење
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 391-та недела на врвот на АТП листата, со што продолжи да го зголемува сопствениот рекорд на врвот на светскиот тенис.
Тој како и минатата недела има 11.795 поени, односно 3.260 поени повеќе од Шпанецот Карлос Алкараз.
Новак Ѓоковиќ сигурно ќе го држи првото место до почетокот на ноември, а до крајот на сезоната се очекува да игра на Мастерсот во Париз, на завршниот Мастерс во Торино и на Дејвис Kуп.
Без непредвидени околности, Новак Ѓоковиќ може да ја заврши годината како број еден по осми пат во кариерата и да помине над 400 недели на првото место.
Овој понеделник немаше промени меѓу првите десет во светот, па зад водечкото дуо се Русинот Данил Медведев, Данецот Холгер Руне и Гркот Стефанос Циципас.
Русинот Андреј Рубљев е шести, Италијанецот Јаник Синер е седми, Американецот Тејлор Фриц е осми, Норвежанецот Каспер Руд е деветти, а Германецот Александар Зверев е десетти.