НОВАК ЃОКОВИЌ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА МЕНУВА ТЕНИСКАТА ИСТОРИЈА – Србинот собори уште еден нереален рекорд – за него само небото е граница!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето деветто финале на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ на тој начин продолжи да ја пишува историјата во тенисот.

Имено, ова за Новак Ѓоковиќ ќе биде 36. Грен Слем финале, а никој нема повеќе од него и во машка и во женска конкуренција.

Уште пред неговиот успех во Лондон, Новак Ѓоковиќ беше убедливо прв меѓу мажите пред Роџер Федерер, но до ден денес го делеше првото место со легендарниот Крис Еверт, кој има 35. Грен Слем финалиња.

Тоа беше и негова 27 последователна победа на Грен Слем турнирите, серија што започна на минатогодишниот Вимблдон.

Подолга серија имаат само Род Лејвер (АО 1969 – Вимблдон 1970) и самиот Новак Ѓоковиќ (Вимблдон 2015 – Вимблдон 2016).

Таа серија ќе има можност да ја продолжи во финалето на третиот Грен Слем сезонава против Карлос Алкараз.