Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Мадрид!

Српскиот тенисер нема да игра во главниот град на Шпанија

Новак Ѓоковиќ реши во последен момент да се повлече од АТП Мастерсот во Мадрид!

Оваа информација на својот профил на социјалната мрежа „Х“ ја пренесе угледниот тениски новинар, Хозе Моргадо .

Новак претходно учествуваше на Мастерсот во Монте Карло кога беше елиминиран во полуфиналето од Каспер Руд од Норвешка во три сета.

Српскиот тенисер беше пријавен за турнирот во Мадрид, но сепак реши да го прескокне натпреварувањето во главниот град на Шпанија каде ќе ги видиме Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ во некои од претходните интервјуа веќе изјави дека внимателно ќе го одбере распоредот оваа сезона за да биде што е можно поподготвен за најважните турнири во сезоната.

Новак ниту минатата година не настапи во главниот град на Шпанија, па нема да загуби ниту еден бод на АТП листата.

АТП Мастерсот во Мадрид ќе се игра од 24 април до 5 мај.