Новата студена војна меѓу САД и Русија не ја спречува соработката за вселената: НАСА и Рокосмос постигнаа договор

Новата студена војна меѓу Русија и Америка ја блокираше соработката на овие две земји на речиси сите полиња, но не и во истражувањето на вселената. Роскосмос и НАСА се договорија да продолжат со заеднички лансирање на астронаути и космонаути до Меѓународната вселенска станица (MSS) најмалку до крајот на 2025 година, пишува The Moscow Times .

– Постигнат е договор за продолжување на заедничките летови во текот на 2025 година. Одлуката е донесена да се зачува доверливоста на Меѓународната вселенска станица во целина. Целта е секогаш да се гарантира присуство на барем еден претставник на Роскосмос во рускиот сегмент на МСС и присуство на најмалку еден претставник на НАСА во американскиот сегмент – се наведува во соопштението на руската вселенска агенција.

Во моментов, астронаутите и космонаутите се префрлени во орбитата во вселенското летало Драгон за мисиите на НАСА и во вселенското летало Сојуз за мисиите Роскосмос.

Според постоечките планови, МСС ќе функционира најмалку до 2030. Русија најави дека ќе остане во програмата до 2028 година.

Од крајот на Студената војна во 1991 година, САД и Русија започнаа многу заеднички програми во вселената. По 2014 година и преземањето на Крим од страна на Русија, односите меѓу двете сили се влошија и тие влегоа во фаза што многумина ја сметаат за нова студена војна кога Русија започна голем напад врз Украина во февруари 2022 година.

После тоа, соработката меѓу двете земји беше прекината во речиси сите области, единствен исклучок беа вселенските програми.

Меѓународната вселенска станица беше лансирана во вселената на 20 ноември 1998 година, пред нешто повеќе од 25 години.

Во орбитата моментално има седум лица – командант Андреас Могенсен од Данска, Јазмин Могбели и Лорал Охара од САД, Сатоши Фурукава од Јапонија, Константин Борисов, Олег Кононенко и Николај Чуб од Русија.