Нова врска? Фатална убавица страсно бакнува пет години помлад маж; „Сакам грди мажи“

Најбараната манекенка на денешницата, Емили Ратајковски (32), неодамна беше фотографирана во страсни изливи на нежност со францускиот актер Стефан Бак(27) .

Фотографиите стигнаа до сите социјални мрежи, но и странски медиуми, а сега многумина шпекулираат дека на повидок е нова романса.

Една од најубавите манекенки и шармантен актер не се грижела за фотографите, а кога тие ги забележале. со широка насмевка ги поздравија. Целата ситуација се случила при една сосема обична прошетка во Париз.

А какви мажи сака познатата манекенка?

Емили Ратајковски е активен член на социјалните мрежи, особено на TikTok, а во едно од нејзините многубројни видеа изјавила дека и се допаѓаат грди мажи.