НОВА ИНФЕКЦИЈА СЕ ШИРИ ОД КИНА! „Синдром на бели дробови“ ја напаѓа Европа, еден ДЕТАЛ наликува на корона

Инфекција од Кина наречена „синдром на бели дробови“ се појави и во Европа и во САД

Станува збор за инфекција со бактеријата Mycoplasma pneumoniae , за која повеќето антибиотици се целосно бескорисни.

По избувнувањето во Кина, зголемување на пневмонијата кај децата има во Холандија, Данска и во САД.

Здравствените власти во Данска објавија дека бројот на заразени со бактеријата Mycoplasma pneumoniae достигнал епидемиско ниво .

Пневмонија

Тоа е бактериска инфекција каде повеќето антибиотици се целосно бескорисни.

Како што пишува Дејли Мејл, пред една недела во Кина е регистрирано алармантно големо зголемување на бројот на деца заболени од атипична пневмонија, придружена со висока телесна температура, но без кашлица.

Како застрашувачки ехо од првите денови на пандемијата на коронавирус, имаше фотографии од преполни чекални во здравствени установи и видеа од вработени во бели скафандери кои прскаат средства за дезинфекција во училиштата и местата каде што се собираат голем број деца.

Данскиот државен институт за серум (SSI) објави дека бројот на заболени е тројно зголемен во последните пет недели и дека се очекува понатамошен раст. Извештајот уследи по зголемувањето на бројот на пациенти во Холандија и соседна Шведска. Ова го зголеми стравот од избувнување на нова епидемија во Европа.

Mycoplasma pneumoniae предизвикува умерени форми на болеста, исто така наречена пневмонија при одење, и е најчеста кај малите деца.

– Зголемувањето на бројот на заболени не е невообичаено и може да се очекува по пандемијата на коронавирус. Во последните четири години имавме исклучително мал број на случаи на оваа инфекција и сега очекувавме епидемија.

За ова придонесе и затворањето на земјата по пандемијата на коронавирус – рече Хане-Дорте Емборг од ССИ. Таа објаснува дека во последните четири години повеќето деца не успеале да развијат имунитет, поради што сега се очекува значително поголем број заболени.

Не паничете

Д-р Марија ван Керхове, епидемиолог од Светската здравствена организација (СЗО), потврди дека „ситуацијата во кинеските болници“, кои се преполни, „внимателно се следи“ и дека се препорачува да се носат маски и да се држи растојание. . Таканаречениот белодробен синдром е забележан во Охајо и Масачусетс, две американски сојузни држави.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека нема причина за паника. Д-р Амеш Адаља, експерт за заразни болести од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Мериленд, изјави дека епидемијата предизвикана од бактеријата Mycoplasma pneumoniae во светот се јавува циклично.