Нова тажна вест во спортскиот свет: Олимписката ѕвезда ненадејно почина на 34 години!

Шампионката во џудо и олимписка ѕвезда Маризет Еспиноза Гонзалес почина на 34-годишна возраст.

Таа доживеала срцев удар, а како што пренесуваат американските медиуми, тоа се случило во моментот кога требало да направи операција за зголемување на градите, пишува TMZ.

Таа имала закажана операција на 21 јануари, кога доживеала срцев удар, по што се борела за живот.

Марисет Еспиноза Гонзалес го освои петтото место на Светското првенство во 2011 година, а во кариерата двапати го освои златото на Панамериканските игри во Сан Хозе и Гвајакил, додека среброто го освои во Хавана во 2016 година.

Таа учествуваше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а натпреварувањето го заврши во второто коло.

Во текот на кариерата освои и два сребрени медали на континенталниот шампионат во џудо.