Познатиот гуру од Индија дојде кај Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако ден претходно го совлада Тејлор Фриц и доби два дена одмор до полуфиналниот дуел со Јаник Синер.

Ден по пласманот во своето 11-то полуфинале, Ноле имаше можност да се сретне со познатиот гуру од Индија – Садгуру.

– Прекрасна средба со Новак Ѓоковиќ. Извонредно е да се остане на врвот на своите способности повеќе од две децении во неверојатно конкурентен спорт тенис. Вашата посветеност и разбирање на телото и умот претставува извонреден пример за другите што треба да го следат. Сè најдобро на претстојните натпревари – изјави Седгуру.

Гуру на Новак му ја подари и својата книга „Карма“, имаше и фотографии за спомен, кои Садгуру ги објави на својот Инстаграм.

А Новак се огласи на својот Инстаграм и му се заблагодари на индискиот гуру што присуствуваше на неговиот натпревар.

– Ти благодарам Садгуру за посетата и што го гледаше мојот натпревар – рече Новак со споделената објава на индискиот гуру.

Садгуру на Инстаграм го следат 11,5 милиони луѓе, а претходно го запознала сопругата на Новак, Јелена, кога со мотор патувал од Индија, каде за 100 дена поминал низ 100 различни земји, а потоа ja посетил и Србија.

– Садгуру денеска помина низ Белград и зборуваше за важноста од зачувување на земјата бидејќи таа сè повеќе осиромашува. Нашите овошја, зеленчук и житарки кои ги одгледуваме и јадеме веќе ја немаат истата хранлива вредност како порано… денес ни требаат 8 портокали за да го замениме оној сочен од пред само 10 години.

– Затоа нè поканува да му се придружиме во неговата кампања за подигнување на свеста за важноста на зачувувањето на почвата и, секако, нè повикува да ги промениме нашите навики заради нашето здравје, како и здравјето на нашите деца и планетата. Со задоволство одговорив на поканата и со голема благодарност го видов… му остануваат уште 75 дена возење на мотор за да стигне до Индија – напиша Јелена во април 2022 година со фотографија со индискиот гуру.

Садгуру е роден како Јаги Васудев во 1957 година во градот Мајсор, Индија. Тој е индиски инструктор по јога кој во Индија е ценет и почитуван како најважен гуру, а во 1992 година ја основал Фондацијата Иша, која се занимавала со различни активности на полето на духовноста, образованието и животната средина.