НОВА УЖАСНА ВОЈНА МУ СЕ ЗАКАНУВА НА СВЕТОТ – Турците избраа страна, расте гневот кон Русија, а Французите бараат итни мерки: Во Нагорно-Карабах веќе загинаа најмалку 25 луѓе

Во борбите во Нагорно-Карабах веќе загинаа најмалку 25 лица, соопштија етничките ерменски власти во регионот, каде што Азербејџан започна воена офанзива во вторникот, додека Франција повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, а Турција вели дека Баку бил принуден да дејствува.

Досега има 25 жртви на терористичкиот напад … вклучувајќи два цивили“, изјави Ксу Гегам Степанијан од канцеларијата за човекови права на сепаратистичкиот регион.

Во вторникот Азербејџан започна воена офанзива против тој регион, кој е дел од него, но е населен претежно со Ерменци.

Тој регион е планинска енклава меѓународно призната како дел од Азербејџан, но е населен претежно со ерменско население кое се отцепи од контролата на Азербејџан во раните 1990-ти години преку војна.

Руската мировна мисија во Нагорно-Карабах ги повика Азербејџан и ерменските сепаратисти на „итен“ прекин на огнот.

Командата на рускиот мировен контингент ги повикува страните во конфликтот веднаш да го прекинат огнот, да преземат мерки за смирување на ситуацијата и да продолжат со преговарачкиот процес“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Руските мировници, исто така, објавија дека спроведуваат цивилна евакуација во најопасните области во регионот каде Азербејџан претходно започна голема воена операција.

Во текот на денот на локацијата на рускиот мировен контингент се евакуирани 469 лица, меѓу кои 185 деца“, соопшти Министерството за одбрана на Русија и додаде: „Медицинскиот персонал им помогна на девет повредени граѓани, меѓу кои и четири деца“.

Во Ереван, од друга страна, демонстрантите се собраа пред седиштето на ерменската Влада и повикаа на оставка на премиерот Никол Пашинјан, кој ги осуди повиците за „државен удар“ во земјата.

Некои демонстранти скандираа: „Никол, предавник!“ и „Никол, оставка!“. Соочен со неколку стотици демонстранти, полицијата ги затвори влезовите на зградата на Владата.

Демонстрантите се собраа во Ереван и пред руската амбасада, осудувајќи го неуспехот на Москва да ја спречи офанзивата на азербејџанската Армија.

Сето ова е последица на руската политика, тие не сакаат да го бранат Нагорно-Карабах“, изјавил еден од демонстрантите за France Press.

Турција ја оцени воената акција на Азербејџан како неопходна, истовремено повикувајќи ги Баку и Ереван да се вратат на преговарачка маса.

Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, а истовремено, побара продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија.

Франција побара итна седница на Советот за безбедност на ОН и е во тесна координација со европските и американските партнери во однос на одговорот на неприфатливата офанзива.

Официјален Париз го повика Азербејџан веднаш да ја прекине воената операција, велејќи дека ниту едно оправдување не може да ја оправда таквата еднострана акција, која им се заканува на илјадници цивили.

Ерменија веќе го повика Советот за безбедност на ОН да преземе итни чекори за деескалација на ситуацијата.