Преговорите меѓу двата клуба влегоа во завршна фаза, а многу брзо Бразилецот ќе се пресели во Саудиска Арабија
На повидок е уште една фудбалска бомба, која може да биде најголема ова лето.
Имено, многу е блиску Нејмар да го напушти ПСЖ и да се пресели во Ал Хилал.
Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да плати многу пари за доаѓањето на Бразилецот, но не се споменува колкава е цифрата.
Наводно, преговорите меѓу двата клуба се влезени во завршна фаза, па се очекува да се постигне договор со кој Нејмар би ја продолжил кариерата во Ал Хилал, а ПСЖ би добил големо обештетување.