Новинар на Ал Џезира чие семејство било убиено во израелски бомбардирање продолжи да известува

Откако членовите на неговото семејство беа убиени во израелски воздушен напад, палестинскиот новинар Ваел ал-Дахдух продолжи да известува за израелската бомбардирање во Газа.

„Ова никогаш нема да ги замолчи нашите гласови. Новинарството е нашата благородна мисија“, рече ал Дахдух.
Во средата вечерта, сопругата, синот, ќерката, внукот на Ал Дахдух и осум други роднини беа убиени во рација на израелската армија во куќа во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, каде што избегаа откако беа раселени.

„Израел цели на цивили и масакрира семејства. Ова е дел од она низ што поминуваат палестинските семејства во Газа секој ден“, рече Ал Дахдух.

Телевизијата Ал Џезира објави видео од новинар како го носи телото на својата ќерка во раце, додека друг го гледа телото на неговиот син како лежи на подот во болницата.

Израел започна немилосрдни воздушни напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Од почетокот на бомбардирањето, 6.546 Палестинци загинаа, а 2,3 милиони жители на Газа остануваат без храна, вода, лекови и гориво.