Новите фотографии на Никол Кидман ја разбрануваа јавноста

Никол Кидман несомнено е одлична актерка и жена со величенствен талент, но веќе со години е мета на критики поради различните козметички зафати на нејзиното лице.

Иако актерката значително не го променила својот карактер, јасно е дека се подложила на третмани за подмладување кои оставиле трага на нејзиното лице, па често е во ситуација да не може да има експресивни изрази на лицето или едноставно да изгледа „замрзнато“.

Оваа година колешката Ејми Шумер јавно ја прозва, велејќи и дека „изгледа како вонземјанка“ откако фотографиите на Никол од Вимблдон го обиколија светот.

Меѓутоа, овој пат славната оскаровка се најде во вестите поради претенката линија и недостатокот на килограми. Имено, таа на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позира само во широки маици, а она што ги привлече сите погледи е исклучително слабата фигура на убавата актерка.

Иако славната Австралијка отсекогаш била природно слаба и има манекенска фигура од почетокот на кариерата, фановите тврдат дека отишла до крајност, а многумина биле загрижени за нејзиното здравје.

„Ти си неверојатна актерка, но јас лично мислам дека не треба да промовираш екстремна тенкост“, „Има премногу луѓе кои се обидуваат да ги следат таквите неприродни стандарди и страдаат поради тоа“, „Навистина изгледаш како да ти треба да јадеш нешто и што побрзо“, „Ова едноставно не изгледа здраво“, се некои од коментарите.

Од друга страна, многумина застанаа во одбрана на Никол Кидман, тврдејќи дека нејзиниот изглед е нејзина работа и дека на крајот на краиштата, таа отсекогаш била исклучително витка и без облини.