НОВИ ДЕТАЛИ ЗА КИДНАПРАЊЕТО И УБИСТВОТО НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА: Ја ставиле во вреќа за спиење, па во подрум – Еве како сето тоа го направиле НЕЗАБЕЛЕЖАНО

По киднапирањето, девојката Вања Ѓорчевска ја врзале и ја ставиле во вреќа за спиење во подрумот на зградата во која живеела , а потоа ја изнесле со автомобил.

Првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо , кој исто така поседувал имот во истата зграда , го имал и клучот од подрумските простории, како и од влезната врата.

Инаку, зградата ја изгради фирма чиј сопственик бил Палевски , а претходно во неа биле сместени и канцелариите на неговата фирма.

Ова објаснува како незабележано е киднапирана од зграда која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк, а во чија близина има многу угостителски објекти.

Потсетуваме, Министерство за правда вчера испрати барање за екстрадиција на Љупчо Палевски, кое ќе биде доставено до турските власти.

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и му одреди притвор до 30 дена на возачот кој од Србија во Турција го донесе првоосомничениот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Панче Жежовски, Вања Ѓорчевска

– Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремена обработка и постапување од нивна страна во најкус можен рок – соопштија од Министерството за правда.

Палевски е осомничен за две киднапирања и две брутални убиства . Во првичната истрага на јавното обвинителство беа опфатени уште четири лица.

Според истрагата, во случајот е вклучен и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен дека со останатите осомничени споделил информации за движењето на неговата ќерка.