Момче планирал масакар во училиште: Бил во контакт со момчето убиец од Рибникар! Создал листа

Специјалното обвинителство на Косово предложи изрекување институционална воспитна мерка за шеснаесетгодишниот Б.М., кој е осомничен дека подготвувал напад врз учениците од гимназијата во Пеќ .

Доколку судот го прифати предлогот, осомничениот ќе биде испратен во воспитно-поправна установа за кривично дело „подготовка за терористички дејствија или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово“.

Малолетниот осомничен бил уапсен пред неколку дена, откако му бил пронајден список со имиња на ученици по паралелки, на која пишувало „Цели на проектот“.

Според полициските информации, осомничениот планирал нападот да го изврши за време на празникот „Ноќ на вештерките“ и својата намера ја објавил на социјалната мрежа ТикТок.

Уапсениот малолетник, како што утврди истрагата, имал контакт со повеќе лица во странство. Тој имал контакт и со момчето кое во мај уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград .