Нови детали за разводот на Ана Ивановиќ и Швајнштајгер! Еве кој беше иницијатор да се стави крај на десетгодишниот брак: Немаше како да се спаси! (фото)
Бастијан Швајнштајгер побарал развод од Ана Ивановиќ. Поранешниот германски фудбалски репрезентативец инсистираше да стави крај на нивниот десетгодишен брак.
Приказните за раскинувањето на познатата српска тенисерка и германскиот спортист веќе повеќе од една недела ги полнат медиумските колумни и во Германија и на Балканот, но и во целиот свет.
Според последните информации, познатиот фудбалски ас е тој што го направил првиот потег и решил да стави точка на бракот по десет години. Ниту еден од нив не се огласил јавно на социјалните мрежи или преку својот ПР тим, но со детали се запознаени и членовите на семејството и нивните најблиски пријатели.
Љубовта на Бастијан и Ана заврши

– Вистина е она што се зборува, дека Ана на секој начин се трудела да го спаси бракот. Токму Бастијан ѝ предложил дека е најдобро тие двајца да се разделат мирно и пријателски. На тенисерката и’ беше тешко, но таа прифати и се помири со фактот дека љубовта е згасната. Бастијан предложил комплетната постапка да се уреди со нивните адвокати и постапката е во тек – тврди близок пријател на семејството Ивановиќ од Белград.
Во целата приказна е вклучена и Естер Седлачек, фудбалска водителка и најблиска соработничка на Швајнштајнер, која го чека своето трето дете. Медиумите и социјалните мрежи не престануваат да брмчат за тоа дека таа е всушност причината за разводот на Ана и Бастијан. Исто така, корисниците на Инстаграм ја напаѓаат во коментарите под фотографијата со трудничкиот стомак.
Швајни и Естер со години им привлекуваа око на многу луѓе, бидејќи се многу интимни дури и во јавноста, а сомнежите сега се подгреваат сред приказните за разводот на Ана и Швајни и бременоста на едно од најпознатите фаци на телевизијата АРД.
Заедничките објави, коментарите на социјалните мрежи и се почестите заеднички појавувања во јавноста со месеци предизвикуваат сомнеж за природата на нивната врска. Имаше интригантни изјави од двете страни, а Бастијан дури и упати покана заедно да ги поминат празниците. Водителката очигледно го поминала викендот со познатиот фудбалер, а многу медиуми тврдат дека Ана била свесна за тоа, но и дека очајно се борела да го спаси бракот.
На 30 март минатата година Седлацекова објави фотографии со Бастијан, на скијање во планина. На тоа потсетија и медиумите кога малку подлабоко навлегоа во архивата на објави на мрежите.