Нови детали за смртта на Коби Брајант: По три години се појави извештајот од обдукцијата (фото)

Коби Брајант загина во јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други луѓе во Калифорнија. Три години подоцна во јавноста се појави извештајот од обдукцијата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а беа откриени некои нови, вознемирувачки детали.

Хеликоптерот се запалил за време на падот и за жал ниту еден од патниците немал шанса да преживее, но доколку тоа не се случеше мали се шансите Коби да го преживее падот. Ова го потврдува и обдукцискиот извештај. Во него се наведува дека Брајант се здобил со сериозни повреди на главата, белите дробови, стомакот, како и сериозни повреди на главата, вратот, рбетот и мозокот… Се наведува и дека ги загубил десната рака и левата нога. Според овој извештај, Коби бил мртов уште пред да се запали хеликоптерот.

Извештаите на другите патници не се објавени, барем не јавно, но се претпоставува дека и тие претрпеле слични повреди како Брајант и дека, за жал, никој од нив не преживеал. Многумина се збогуваа со него низ годините, а исто така беше откриено дека неговата статуа ќе биде откриена пред салата на Лејкерси на 8 февруари 2024 година.

Да потсетиме, по падот на хеликоптерот, во јавноста брзо се појавија фотографии на кои се гледаат изгорени тела, па поради тоа Ванеса Брајант го тужеше Лос Анџелес бидејќи полицајците ги споделија тие фотографии. Таа ги доби на суд и градот ќе треба да плати отштета од 15 милиони долари.