НОВИ ДЕТАЛИ – Протекоа вознемирувачки видео-снимки од атентатот на руски воен блогер во Санкт Петербург (видео)

Руските истражители во вторникот ја обвинија 26-годишната Дарја Трепова за тероризам и убиството на провоениот блогер Владлен Татарски во експлозија на бомба во Санкт Петербург.

Татарски, поддржувач на руската воена кампања во Украина, чие вистинско име е Максим Фомин, беше убиен во неделата во експлозија во кафуле каде што требаше да зборува за своите искуства како воен известувач во воената зона во источна Украина.

Моментот на експлозијата е снимен и објавен на социјалните мрежи. Татарски бил видно воодушевен од бистата но неколку моменти подоцна експлозивната направа била активирана. На видеото се гледа и Трепова која седела во близина.

Истражната комисија за тешки кривични дела соопшти дека Трепова добила кривична пријава за – „терористички чин од организирана група која предизвикала намерна смрт“. Тие додадоа дека таа постапила по инструкции на луѓе кои дејствувале во име на Украина.

Кремљ во понеделникот објави дека убиството на истакнат воен блогер е „терористички чин“ и дека има докази дека Украина е вмешана. Москва го обвини Киев дека е вмешан во убиството во соработка со поддржувачите на рускиот опозициски водач Алексеј Навални, кој е во затвор.

Кафулето во кое се случи убиството е во сопственост на првиот човек на ВагнерЕвгениј Пригожин, кој, сепак, смета дека група радикали, а не Киев, е одговорна за убиството.

Медиумите, вклучително и државната руска медиумска агенција ТАСС, наведуваат дека Дарија Трепова е осомничена дека донела бомба скриена во статуетка што му била дадена на блогерот на собирот.

Трепова беше префрлена од Санкт Петербург во Москва. Во вторник, обвинителите се очекува да побараат од судот да ја задржи во притвор пред нејзиното судење.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот постхумно му оддаде чест на Татарски – „За покажаната храброст и смелост во извршувањето на професионалните должности, воениот дописник Максим Јуриевич (Владлен Татарски) постхумно е одликуван со Орден за храброст“, се вели во одлуката.

Пред Татарски, Дарја Дугина, ќерка на истакнат ултранационалист, беше убиена во експлозија на автомобил во близина на Москва минатиот август.