НОВО ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО НА МОМЧЕТО УБИЕЦ ОД ВРАЧАР: Полицаецот му става качулка на главата, а тој стои во место, потполно ладнокрвен (ВИДЕО)

Поминаа точно десет дена откако Србија ја потресе трагедија каква што не памети во својата историја.

Малолетно момче, ученик во седмо одделение, во основното училиште во кое учел, уби девет свои соученици и еден обезбедувач Д.В.(51), а рани шестмина од нив и наставничка по историја Т.С.(54).

По масакрот што го извршил, излегол во училишниот двор, го спуштил пиштолот и повикал полиција.

Началникот на полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ на прес-конференција изјави дека момчето повикало полиција и кажало дека е „психопат кој треба да се смири“.

– Имал и четири молотови коктели и два пиштоли. Според неговата изјава, тоа го направил и немал ниту намера ниту желба со тие молотови коктели да запали некое дете, туку како што рече, да изгради одбранбен ѕид на влезот во училиштето за да не дојде полиција и да пружи помош – рече Милиќ.

По масакрот, полицијата го внела момчето во полициско возило, а при апсењето имало качулка на главата.

На социјалните мрежи се појави ново видео од апсењето.

На видеото се гледа како полицаец, припадник на единицата за интервенција, става качулка на главата на момчето, додека тој мирно стои до него.

@idktbh12090

Jedan razgovor sa njim bi promenio sve,i ovo se ne bi desilo… #kostakecmanovic #foryou #kosta

♬ original sound – someone

Малолетниот убиец моментално се наоѓа во специјалното одделение на психијатриска установа. 

Како што пишувавме претходно, сите информации за момчето се чуваат строго доверливи, па ни вработените во оваа институција немаат пристап до неговите здравствени податоци. Поради деликатноста на случајот, во медицинската карта на момчето биле внесени само информации за прием со име и презиме, без детални информации.

Да потсетиме, по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ низ Србија беа забележани голем број инциденти. Така момче во Војводина само ден по масакрот се заканило дека ќе го стори истото, поради што училиштето веднаш било затворено, а со него разговарале стручни лица. 

Истиот ден, ученик од седмо одделение од ОУ „Јефимија“ во Обреновац замавнал со пластичен пиштол, веднаш по едноминутно молчење за смртта на децата и чуварите во ОУ „Владислав Рибникар“, додека девојка (15) повредила со нож момче (15) и професорка која се обидела да ја спречи во Гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград. Во наредните денови се забележани голем број слични инциденти.