НОВО ВИДЕО ОД УЖАСОТ НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА: Војниците не се ни свесни дека непријателот ги гледа

Ново видео од линијата на фронтот во Украина уште еднаш ги згрози корисниците на социјалните мрежи!

На кратко видео се гледа како беспилотно летало камиказа удира во ров каде двајца војници се засолниле. На истото место нешто подоцна прелета и втор дрон, а на видеото се гледаат телата на војниците.

Видеото го објавија украинските медиуми кои тврдат дека се убиени припадници на руските сили.

 Украинските воздушни извидници открија и лоцираа ров во кој се кријат руски војници. Сите загинаа во напад со камиказе беспилотно летало – се наведува во видеото.

Засега не се знае кога и каде е направена снимката.