Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди денес архипелагот во Егејското Море, Додеканези, јавува Европскиот медитеррански сеизмолошки завод (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 9 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил 160 километри северно од градот Хераклион на Крит, во кој живеат околу 140.000 жители.
Ова е втор земјотрес во областите на Крит. Синоќа беше забележан земјотрес со јачина од 3,5 Рихтера.