НОВ ПРЕСВРТ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Хамас ослободи руски државјанин

Палестинската милитантна група Хамас денеска ослободи руски државјанин кој бил меѓу киднапираните заложници во Газа, соопшти групата, пренесува Ројтерс.

– Како одговор на напорите на рускиот претседател Владимир Путин и како признавање на позицијата на Русија за поддршка на палестинската кауза, Исламското движење на отпорот Хамас ослободи затвореник кој имал руско државјанство – се наведува во соопштението на движењето, пренесува РИА Новости.

– „Тајмс оф Израел“ претходно објави дека се воделе преговори за ослободување на најмалку еден двоен руско-израелски државјанин, што Хамас го најави како гест кон рускиот претседател Владимир Путин.

Во меѓувреме, Египет соопшти дека добил списоци со имињата на 13 Израелци и 39 Палестинци кои треба да бидат ослободени денеска, трета размена на заробеници за време на четиридневниот договор за прекин на огнот со посредство на Египет и Катар.