НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈА: Тлото не престанува да се тресе со часови, жителите ги очекува долга и непроспиена НОЌ (ВИДЕО)

Нов силен земјотрес ја погоди јапонската префектура Ишикава!

Земјотресот се случи околу 23 часот по локално време, Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, иако локалните медиуми првично објавија дека бил многу посилен.

Серија силни земјотреси, за потсетување, денеска околу 16 часот по локално време ја погодија западна Јапонија, а најсилниот, според проценката на агенцијата, бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресите предизвикаа значителни штети и цунами со бранови повисоки од еден метар на некои места, додека населението во погодените области беше повикано да се евакуира на повисоките места.

Повеќе од 50 земјотреси ја погодија Јапонија за речиси седум часа, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека сè уште постои „многу висок ризик“ од уривање на згради и дека силното тресење на земјата може да продолжи во следните „два до три“ дена.