– Норвешките граничари не забележале зголемен број руски гранични премини на контролниот пункт Сторског, но властите во Осло се подготвени да го затворат доколку е потребно, изјави денеска министерката за правда Емили Енгер Мел.
Таа посочи дека Норвешка внимателно ја следи ситуацијата на гранката со Русија.
– Но, во моментов на пунктот Сторског не гледаме необичен сообраќај, нагласи таа.
Претходно премиерот на Финска, Петери Орпо најави дека на 18 ноември ќе се затворат четири од девет гранични премини со Русија, со цел да се запре бранот баратели на азил.
– Владата денеска одлучи Финска да затвори некои источни гранични премини ноќта помеѓу петок и сабота, наведе Орпо.
Околу 3.000 луѓе секојдневно ги користат југоисточните гранични премини. Орпо истакна дека разбира оти затворањето на премините ќе го отежнат секојдневниот живот на луѓето на кои им е дозволено да патуваат помеѓу Финска и Русија.