Нутриционистот ги издвои причините поради кои треба да се храниме со диета богата со растителни влакна

Здравата исхрана вклучува консумирање на сите видови хранливи материи во оброците. Храната што ја јадеме содржи различни хранливи материи и корисни материи, а влакната се нешто што не треба да го избегнуваме бидејќи имаат многу здравствени придобивки.

Нутриционистот Ловнеит Батра посочува дека треба да консумираме од 25 до 40 грама влакна дневно. Внесот на влакна е важен за хормоналната рамнотежа, регулацијата на инсулинот во телото и другите функции. Како една од најдобрите намирници кои се богати со влакна, нутриционистот ги издвои овошјето, зеленчукот, леќата и интегралните житарки. Таа откри и неколку причини зошто треба често да консумираме влакна.

Влијаат на намалување на воспалението

Нутриционистот тврди дека храната богата со растителни влакна, особено растворливите влакна, го намалува воспалението во организмот.

,,Со намалување на воспалителните маркери, влакната можат да помогнат во балансирање на хормоните кои се погодени од воспалението, како што се кортизолот и инсулинот“, објаснува таа.

Кога станува збор за регулирање на инсулинот, влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвотокот, спречувајќи скокови на шеќерот во крвта. „Ова може да помогне да се регулира производството и чувствителноста на инсулин, да се промовира подобра контрола на шеќерот во крвта и да се намали ризикот од отпорност на инсулин“, додава нутриционистот.

Слично е и со регулирањето на нивото на кортизол. Храната богата со растителни влакна може да помогне во „модулирање на нивото на кортизол“ преку промовирање на стабилни нивоа на шеќер во крвта и намалување на стресот на телото. Регулирањето на нивото на кортизол може да ги ублажи негативните ефекти од хроничниот стрес и да ја поддржи здравата функција на надбубрежните жлезди. 

Влакната влијаат на добрите бактерии во телото

Влакната делуваат како пребиотик, хранејќи ги добрите бактерии во цревата.

„Здравата рамнотежа на цревните бактерии е неопходна за целокупната хормонална рамнотежа. Влакната го поддржуваат растот на добрите бактерии и можат да влијаат на нивото на хормоните во телото и да промовираат здрав метаболизам“, тврди нутриционистот.