За да се зачува позицијата и статусот на јавните обвинители, ние како Совет сметаме дека нивната плата, како и платата на јавните обвинители, треба да биде надвор од какво било влијание, нагласи Димитриеска.
Советот на јавни обвинители денеска пред Уставниот суд одлучи да се спротивстави на законското решение со кое се намалуваат коефициентите на плати на обвинителите.
Советот оценува дека намалувањето на коефициентите е неуставно и политички мотивирано и дека платите на обвинителите се заштитени со закон.
Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска изјави дека финансиската независност на судските органи, вклучително и на јавното обвинителство е клучна во процесот на унапредување на независноста и автономијата на јавните обвинители.
„За да се зачува позицијата и статусот на јавните обвинители, ние како Совет сметаме дека нивната плата, како и платата на јавните обвинители, треба да биде надвор од какво било влијание“, нагласи Димитриеска.
На крајот на февруари Собранието го изгласа пакетот закони со кои се намалуваат коефициентите на плата на избраните и именуваните. Законите опфаќаат 1060 избрани и именувани лица како претседател, заменици, министри, судии, јавни обвинители, членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Предлог-амандманите ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а реакции имаше и од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители.