Обвинителот Алвин Брег: Не можеме да дозволиме бизнисите во Њујорк да го прикријат криминалното однесување

 По завршувањето на денешното историско судско рочиште против  поранешниот американски претседател, во кое тој накусо беше и уапсен, окружниот  обвинител на Њујорк, Алвин Брег, во кусата изјава наведе дека „ Трамп се обидел да го скрие однесувањето преку лажни деловни записи со цел да прикрие криминални активности“.

Обвинителот наведе дека за време на претседателските избори во 2016 година, Трамп и другите негови помошници ја користеле шемата „фати и убиј“ за да ги идентификуваат, купат и закопаат негативните информации за него и да ги „зајакнат неговите изборни перспективи“, пренесе Скај Њуз.

Трамп потоа вложил огромни напори за да го прикрие ова однесување предизвикувајќи „десетици лажни записи во деловните записи“.

Обвинителот додаде дека поранешниот претседател користел наводни плаќања со тајни пари како дел од заговорот, вклучувајќи и една исплата од 30.000 долари за вратарот во „Кулата Трамп“, затоа што тврдел дека Трамп има вонбрачно дете. Додаде, дека наспроти тврдењата на одбраната, тие имале многу докази за соработка, плаќања, електронски пораки и разговори, во кои бил вклучен соработникот на Трамп, Мајкл Коен. 

Во изјавата на Твитер Брег додава: „Менхетен е дом на најзначајниот деловен пазар. Не можеме да дозволиме бизнисмените во Њујорк да манипулираат со нивните досиеја за да го прикријат криминалното однесување“.

„Како што оваа канцеларија прави секогаш, ние и денеска ја покажавме нашата свечена одговорност да обезбедиме сите да бидат и стојат еднакво пред законот.