Денеска во Санкт Петербург ќе започне дводневен руско-африкански самит и економски форум. Рускиот претседател Владимир Путин, кој е домаќин на самитот со шефовите на африканските држави, на маргините на средбата ќе има билатерални разговори со своите колеги и ќе им се обрати на учесниците на пленарната седница.
На самитот ќе присуствуваат 17 африкански шефови на држави, меѓу кои и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза.
Кремљ ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат африканските земји да учествуваат на самитот, втор од ваков вид.
Првиот се одржа во 2019 година во Сочи на југот на Русија. Африканските земји очекуваат да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за обновување на бизнисот со жито, изјави во интервју за РИА Новости претседателот на Унијата на Коморите, претседателот на Африканската унија Азали Асумани, кој присуствува на самитот Русија-Африка. .
„Последиците го погодуваат целиот свет, особено Африка во социо-економските прашања. Затоа мораме да го направиме ова приоритет. Всушност, сè е приоритет, но ако го положат оружјето, нема да има проблем. Се додека тоа не се случи Мислам дека проблемот со житариците и вештачките ѓубрива ги засега сите.